Slider

Вести

Polestar најави крај на производството на единствениот хибрид во понудата

Slider

12/02/2021

Електричните автомобили целосно ќе ја претставуваат гамата на релативно новиот производител Polestar, а единтвениот плаг-ин хибрид познат како Polestar 1 полека се подготвува за пензија.

Ова го најави брендот во сопственост на Volvo, кој ги повика купувачите да конкурираат за последната фаза од производството, по која Polestar 1 веќе нема да биде во понудата.

Овој модел го претстави Polestar на автомобилската сцена, a покрај интересниот дизајн и премиум квалитетите, отскокнуваше од конкуренцијата поради моќноста од 609 коњски сили, но и автономијата на електричен погон од 124 километри, најголема меѓу достапните плаг-ин хибриди.

Пензионирањето на Polestar 1 значи дека брендот во понудата ќе го има само електричниот Polestar 2, но наскоро ќе бидат претставени и моделите со ознака 3 и 4, од кои првиот ќе биде електричен SUV модел.

Повеќе содржини за хибриди:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider