Новитети
Polestar, сестринскиот бренд на Volvo, преку Polestar 3 влегува во SUV сегментот
Од технички аспект, Polestar 3 e поставен на SPA II платформата, која ќе биде основа и за новата генерација на Volvo XC90.
Шведско-кинескиот автомобилски производител Polestar наскоро ќе има свој модел и во SUV сегментот.
Моделот Polestar 3 наскоро ќе започне да излегува од производните ленти во САД и Кина. Моделот ќе има автономија од над 600 километри, а ќе може да забрзува од 0-100km/h за помалку од 4 секунди.
Инженерите во Polestar упатуваат многу големо внимание на аеродинамиката на своите модели. Polestar 2 со коефициент од 0.28 остава простор за подобрување.
Заради тоа првата фотографија од најавеното SUV купе прикажува низок преден дел и рамен заден дел на возилото.
Однапред Polestar 3 наликува на Model Y на американскиот производител Tesla. Но, кога ќе се земат предвид димензиите, шведскиот конкурнет е значително поголем.
За споредба, Polestar 2 е долг 4.61 метри. Новиот модел би требало да биде 20-тина сантиметри подолг, додека Tesla Model Y е долг “само” 4.75 метри.
Досега Polestar објави многу малку конкретни информации за моделот, но се најавува дека директно ќе се конкурира со Porsche Cayenne (4.93 метри должина).
Од технички аспект, Polestar 3 e поставен на SPA II платформата, која ќе биде основа и за новата генерација на Volvo XC90.
Инаку, и Volvo и Polestar се во комплетна сопственост на групацијата Geely, една од најголемите производители на автомобили во Кина.
Во меѓувреме Томас Ингенлат, извршниот директор на Polestar изјави: “Новиот модел ќе го произведуваме во САД, и ќе биде наменет за Американците”. Polestar 3 ќе се произведува во фабриката на Volvo во Чарлстон, Јужна Каролина, каде наскоро ќе започне и производството и на Volvo XC90.
Volvo му овозможува на Polestar големи заштеди преку финансиска и техничка синергија.
Polestar исто така, има бенефит од безбедносните технологии на Швеѓаните. Ќе мора да почекаме барем од октомври годинава, за кога е најавена премиерата на моделот, за да видиме кои сегменти од технологијата на Volvo ќе бидат вградени во Polestar 3.
Според потврдените информации од страна на Ингенлат, Polestar 3 ќе биде опремен со LiDAR сензор од добавувачот Luminar, што секако ќе биде доволно за автономно управување на автопат.