Slide
Slide

Стории

Polestar заработи 1,000 евра по клиент за софтверска надградба и покажа зошто целата индрустрија го следи овој тренд

Slide
Slide

Секој од сопствениците на Polestar 2 платил во просек по 1,000 евра за дополнителни 50kW сила, и 20 Nm дополнителен вртежен момент.

31/12/2021

Polestar и Stellantis на почетокот на месецов покажаа зошто софтверот ќе го детерминира успехот на автомобилските производители.

Само неколку часа откако менаџментот на Stellantis oбјави дека  до 2026 година планира да генерира четири милијарди евра годишен приход од дополнителни софтверски надградби и претплати, Polestar даде дополнилтелен контекст на темата.

Сестринската компанијата на Volvo, која е во сопственост на кинески Geely, објави дека во ноември годинава над 400 сопственици го надградиле својот Polestar 2 модел со софтвер кој овозможува повисоки перформанси.

Секој од нив платил во просек по 1,000 евра за дополнителни 50kW сила, и 20 Nm дополнителен вртежен момент.

Надградбата била спроведена безжично, a производителот за неколку седмици заработил дополнителни 400,000 евра.

Polestar објави дека продолжува да работи на алтернативни приходни канали и дека во иднина ќе ја зајакне својата финансиска позиција, паралелно со подготовките да се појави на берзата во првата половина од 2022 година.

Некои аналитичари прогнозираат дека со оглед на брендовите и ценовната поставеност на моделите на Stellantis, може да се очекува дека групацијата како резултат на софтверски надградби и претплати, ќе во иднина ќе заработува дополнилтелни 50 евра годишно по клиент.

Во меѓувреме, германските медиуми објавија дека Robert Bosch, најголемиот автомобилски добавувач во светот, ќе го зајакне тимот на својата компанија Etas, за да го забрза развојот на софтвер за автомобили, кој меѓудругото ќе овозможи онлајн нарачки на надградби и претплати од страна на сопствениците на возилата. Имено, тимот на Etas ќе се зголеми од 1,500 на 2,300 софтверски инженери.

“Со новото регрупирање во компанијата сакаме да станеме водечки провајдер на независен софтвер во возилата во иднина”, изјави Стефан Хартунг, новиот извршен директор на Bosch.

Експертите се убедени дека пазарот за автомобилски софтвер ќе вреди милијарди евра во следните неколку години. Bosch oчекува двоцифрен годишен раст сѐ до 2030 година. Неговите главни конкуренти, Continental и ZF Friedrichshafen, исто така, реализираат големи инвестиции во секторот.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1