Slider

Новитети

Полска лансира бренд за електромобили кој ќе биде познат како Izera

Slider

Главната цел на проектот е Полска да произведува автомобили кои ќе бидат достапни за секој жител со просечни примања, а притоа инвестицијата во автомобил и инфраструктура за полнење ќе биде отплатувана на рати

29/07/2020

Полска ќе произведува електрични автомобили како дел од проектот за новиот бренд Izera.

Зад истиот стојат повеќе големи полски државни компании, а почетокот на производството е планирано за 2023 година.

Главната цел на проектот е Полска да произведува автомобили кои ќе бидат достапни за секој жител со просечни примања, а притоа инвестицијата во автомобил и инфраструктура за полнење ќе биде отплатувана на рати.

Половина од проектираната продукција ќе се одвива во Полска, а на презентацијата на Izera биле претставени и два концепта, еден хечбек и еден SUV модел со електричен погон.

Автономијата со едно полнење ќе изнесува околу 400 километри, а 80 проценти од батеријата ќе може да се полни за половина час на брзите полначи.

Дизајнот на автомобилите го потпишуваат полски дизајнери, но тие соработувале со Torino Design, како и Тадеуш Јелец кој има искуство во Jaguar (ова посебно се чувствува на SUV концептот).

Одговорните најавија градење сопствена фабрика и отворање 3.500 работни места, а на тој начин Полска веќе нема да биде најголема европска земја без сопствен автомобилски бренд.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider