Slider

Новитети

Помоќна доза емоции и перформанси: Seat Ibiza со 150 кс и DSG трансмисија

Slider

31/08/2020

Емотивниот дизајн и спортската елеганција на Seat Ibiza се дел од нејзините најпрепознатливи карактеристики, кои истовремено и дозволуваат и да привлече голем број купувачи од помладата популација.

Шпанскиот бренд го следи фидбекот на купувачите, па затоа реши да го збогати портфолиото со уште една изведба, поточно Ibiza со бензински мотор со 150 коњски сили и седум-степена DSG трансмисија.

1.5-литарскиот TSI мотор веќе ги потврди своите одлични карактеристики, а во комбинација со трансмисијата со двојна спојка се добиваат уште подобри перформанси.

Покрај моќноста од 150 кс, оваа Seat Ibiza добива максимален вртежен момент од 250 Nm, a забрзувањето до 100 км/ч трае 8,2 секунди.

Seat потенцира дека поголемата побарувачка за DSG трансмисијата e причина што таа има посериозна улога во понудата на Ibiza, a нејзиното функционирање влијае на подинамичен и покомфорен автомобил.

Економичнота исто така е силен аргумент, бидејќи во оваа моќна изведба, Seat Ibiza троши меѓу 5,4 и 6,5 литри на 100 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider