Skip to content

Новитети

Понапредна Insignia со повеќе технологија и иновативни светла со 168 LED елементи

Opel Insignia дебитираше во 2009 година, беше прогласена за Европски автомобил на годината, а за една деценија се продадени над 1,2 милиони примероци на овој модел

04/12/2019

Знаменосецот на Opel, атрактивната Insignia, на почетокот на следната година ќе пристигне во продажните салони во освежено издание, кое ќе добие благи, но позитивни промени на и онака елегантниот и модерен дизајн.

Фејслифтот на Grand Sport и Sports Tourer изведбите ќе донесе уште подинамичен изглед за автомобилите на германскиот бренд, а производителот најави и неколку иновативни елементи кои првпат ќе бидат вградени токму во Insignia.

Покрај фактот што секој автомобил ќе добие целосни LED светла, Opel гордо ја претставува новата генерација на IntelliLux LED која подразбира LED светла со 168 поединечни елементи во Pixel Light изведбата. Технологија со која возачот на Insignia Grand Sport и Sports Tourer ќе добие уште порелаксирано и побезбедно возење навечер.

Адаптивниот систем ги осветлува најважните делови од патот и околината, но без да им пречи на возилата кои наближуваат од спротивната насока.

Снопот се регулира преку две контролни единици, а истиот ќе биде уште попрецизно формиран за да се зголеми ефикасноста и подобри искористливоста на оваа LED технологија. Двете предни светла добиваат по 84 LED елементи групирани во три реда.

Новата Insignia ќе добие и поквалитетна камера за проекција на случувањата зад автомобилот, а тука е и системот за предупредување за движење на возило под агол од 90 степени, асистент чија вредност се гледа при напуштање на паркинг позиција со возење наназад.

Multimedia Navi Pro системот ги обединува предностите на напредниот инфо-забавен систем и навигацијата со следење на сообраќајот во живо, а графиката на екранот е дополнително надградена за уште поквалитетен впечаток во кок-питот. Овој автомобил ќе овозможи и безжично полнење на телефон на централната конзола.

Opel Insignia дебитираше во 2009 година, беше прогласена за Европски автомобил на годината, а за една деценија се продадени над 1,2 милиони примероци на овој модел.

Дебито на освежената Insignia е закажано за Саемот во Брисел во јануари, а дополнително ќе биде познато дали ќе има промени во однос на погонските единици, кои можат да бидат надополнети со дел од понудата на PSA групацијата.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend