Slide

Стории

Поради финансиски проблеми, Marelli може да доцни со нарачките кон своите клиенти од автоиндустријата

Slide

Развојот на ситуацијата може да создаде проблеми кај голем дел од големите автомобилски групации, доколку, заради финансиските проблеми, Marelli не успее да испорача дел од договорените компоненти.

25/02/2022

Проблемите со кои се соочува големиот добавувач Marelli, може да имаат последици на синџирот на достава кај автомобилските производители.

Кога Њујоршката инвестициска компанија KKR & Co, се вклучи во автомобилскиот сектор и влијаеше на криерањето на мега-добавувачот Marelli Corp, се чинеше дека со тоа ги реши проблемите на два автомобилски производители.

Најпрво, KKR ја откупи јапонската Calsonic Kansei од Nissan Motor Corp, при што инјектираше финансиска инјекција во Nissan, а воедно го ослободи од нефункционалниот добавувач кој Nissan го имаше во своја сопственост.

Потоа, KKR преку Calsonic Cansei го купи и добавувачот Magnetti Marelli од Fiat Chrysler, помогнувајќи му на FCA ја одвои сопственоста од добавувачот.

Но, сега, три години подоцна, новоформираниот мега-добавувач има потешкотии во функционирањето.

Изминатава седмица стана јасно дека Marelli, по неуспешните обиди да се реструктуира, бара од својата клучна финансиска институција, јапонската Mizuho Bank, дополнителен период за отплаќање на својот долг.

Јапонските медиуми кои го пренесоа настанот, објавија дека компанијата има долг од безмалку 10 милијарди евра. Увидот во финансиската ситуација во Marelli не е лесен, поради тоа што компанијата не котира на берза, туку има приватен сопственик – инвестициската компанија KKR.

Во меѓувреме, беше објавено дека менаџментот на Marelli, побарал помош од своите клиенти, меѓу кои се производителите Nissan и Stellantis, во форма на откупување на залихи, обврски за следни нарачки, како и заедничко споделување на трошоците кои произлегуваат од затворањето на дел од фабриките на Marelli. 

Од Marelli, големиот автомобилски добавувач, кој произведува компоненти кои се однесуваат на погонот, електрониката и системите за осветлување, не ја коментирааат ситуацијата. Компанијата во 2020 година имала приход од $11,57 милијарди. 

Развојот на ситуацијата може да создаде проблеми кај голем дел од големите автомобилски групации, доколку, заради финансиските проблеми, Marelli не успее да испорача дел од договорените компоненти.

Ова би било навистина голем предизвик за производителите во автоиндустријата, кои и онака се соочуваат со надминување на недостигот на полупроводници. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди