Вести
Porsche постави светски дрифт рекорд со Taycan (Видео)
Ретера го направил дрифтот со Taycan со погон на задните тркала, кој допрва ќе биде понуден во Европа, а успеал а дрифта цели 42,1 километри пред да се испразни батеријата на автомобилот
Porsche го искористи големиот потенцијал на електричниот Taycan, за да постави уште еден нов рекорд.
Се работи за Гинисов рекорд за најдолг дрифт со електричен автомобил, реализиран во Porsche центарот во Хокенхајм, каде покрај Taycan, важна улога имал и главниот инструктор Денис Ретера.
Ретера го направил дрифтот со Taycan со погон на задните тркала, кој допрва ќе биде понуден во Европа, а успеал а дрифта цели 42,1 километри пред да се испразни батеријата на автомобилот.
Тоа значи дрифт од 210 кругови во серија или цели 55 минути, што е навистина респектабилен резултат, кој официјално ќе биде и нов Гинисов светски рекорд.
– Со исклучен систем за одржување на стабилноста, ваквото лизгање со Taycan е екстремно лесно, посебно за оваа изведба со погон на задните тркала.
– Сепак, исцрпувачки е да ја задржите концентрацијата цели 210 кругови, посебно што асфалтот на кругот не овозможува ист контакт со подлогата насекаде, – изјавил Ретера.
Повеќе содржини за спортски модели: