Slide

Стории

Porsche 911 е најпрофитабилен модел на автомобилскиот пазар во 2019 година

Slide

Анализата на „Блумберг“ вели дека најпрофитабилен автомобил во 2019 година е новата генерација на Porsche 911, модел кој сочинува 11 проценти од вкупната продажба на германскиот бренд, но носи речиси 30 проценти од неговиот профит

13/09/2019

Дел од автомобилските производители можат во својата понуда да имаат модели чија продажна цена во евра е со шест цифри, но тоа не е гаранција дека тие нивни продукти се и најпрофитабилни.

Истражувањето на угледниот „Блумберг“ открива дека најпрофитабилен автомобил во 2019 година е новата генерација на Porsche 911, модел кој сочинува 11 проценти од вкупната продажба на германскиот бренд, но носи речиси 30 проценти од неговиот профит.

Осмата генерација на култниот спортист со ознака 911 оваа 2019 година со бројките кои ги остварува во однос на профитот, зад себе остави модели како Ferrari F8 Tributo, Aston Martin DBX, Mercedes GLE и BMW X5, автомобили кои исто така овозможуваат сериозна маржа за производителите.

Porsche 911 во 2019 година е продадено во 38.750 примероци кои на брендот му донеле 2,24 милијарди евра, а чистиот профит од секој примерок е 47 проценти. Првиот луксузен SUV на Aston Martin ќе го носи името DBX, а според проекциите на анализата, по премиерата во последниот квартал годинава ќе носи чист профит од 40 проценти од секој примерок.

F8 Tributo овозможува 50 проценти продажна маржа за Ferrari, но обезбедува само 17 проценти од целиот профит на италијанскиот бренд, додека GLE и GLS заедно ќе имаат удел од 24 проценти во профитот на Mercedes во 2020 година. Новата генерација на X5 ќе има удел од само 7 проценти во целосната продажба на BMW, но затоа 16 проценти од заработувачката ќе бидат обезбедени благодарение на овој модел.

– Се работи за многу едноставна калкулација. Porsche 911 е профитабилен модел, но кога ќе се додадат варијациите, маржата дополнително се зголемува. Додавањето на Turbo изведбите е чист профит, ако имаме предвид дека ќе продадат 10.000 примероци на 911 Turbo, Turbo S и GT3, само Turbo изведбите можат да донесат половина милијарда долари профит за Porsche,  – вели аналитичарот Мајкл Дин.

– Во ситуација кога Porsche со посебна церемонија го промовираше електричниот Taycan, премиерата на класичниот 911 Carrera остана во сенка. Но, претставувањето на оваа верзија на спортскиот автомобил е одлично темпирана, бидејќи ќе помогне при компензирањето на трошоците за транзицијата кон електрични автомобили кое започна со Taycan, a кој ќе биде модел со најмал профит за брендот, – потенцира Дин имајќи ја во предвид инвестицијата од 6,6 милијарди долари на Porsche за развивање на EV иднината.

Очекувањата се дека профитот на електричните автомобили ќе се зголеми од 2023 година, кога се очекува намалување на трошоците за батериите, а Дин смета дека форсирањето на Turbo изведбата на Taycan е паметен потег, бидејќи се работи за поскапа варијација која значи и поголема продажна маржа. Истовремено, предвидувањата се дека во 2020 година, Porsche 911 ќе носи уште поголем профит за Porsche.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година