Вести

Porsche 911 ќе добие мануелна трансмисија за актуелните изведби Carrera S и 4S

Мануелецот со седум степени ќе биде алтернатива за 8-степената PDK автоматска трансмисија, а за разлика од неа, ќе доаѓа во комбинација со механички диференцијал со ограничено пролизгување

01/11/2019

Porsche 911 е автомобил кој децении наназад со своите квалитети го исполнува сонот на најпребирливите фанови, а најновата генерација пристигна со потенцијал за продолжување на оваа традиција.

Но, она што дополнително ќе ги израдува поконзервативните фанови на Porsche 911 е вметнувањето во понудата на 7-степената мануелна трансмисија, која ќе биде достапна кај 911 Carrera S и 911 Carrera 4s во купе или кабриолет изведби.

Мануелецот со седум степени ќе биде алтернатива за 8-степената PDK автоматска трансмисија, а за разлика од неа, ќе доаѓа во комбинација со механички диференцијал со ограничено пролизгување и ќе биде комбиниран со Спорт Хроно пакетот.

Со мануелна трансмисија, 911 Carrera S ќе стигнува до 100 км/ч за нешто повеќе од 4 секунди, а првично оваа опција ќе ја добијат американските купувачи, по што ќе пристигне и во Европа. Комбинацијата со мануелен менувач нема да биде достапна кај основните Carrera/Carrera 4 изведби.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider