Slide

Стории

Porsche еволуција: Бројките на новиот 911 Turbo S и првиот 911 Turbo од 1975 година

Slide

09/04/2020

Електрификацијата го исфрли Taycan како нов, голем потенцијал во портфолиото на спортски автомобили на Porsche, но класичниот дел од гамата уште долго нема да се предаде во битката за превласт.

Одговорот за Taycan е Porsche 911 Turbo S или новата генерација на секогаш импресивниот автомобил, кој моќните перформанси ги комбинира со уникатните возни карактеристики кои се гордост на производителот.

Во својата најнова интерпретација, Porsche 911 Turbo S располага со 650 коњски сили и максимален вртежен момент од 800 Nm, а до 100 км/ч стигнува за само 2,7 секунди.

Новиот 911 Turbo S допрва ќе ги освојува купувачите кои ќе треба да одвојат шестцифрена сума во евра за да го добијат, но интересно е да се направи споредба со првиот Porsche 911 Turbo, кој дебитираше пред 45 години со 260 кс.

Како се движеле бројките од 1975 година до денес, кога неговиот современик со наставката Turbo S претставува страв и трепет за конкуренцијата. Погледнете од бројките во галеријата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба