Slider

Вести

Porsche им додели бонус од 9.700 евра на сите вработени

Slider

09/04/2020

Кризата која ја предизвика коронавирусот ќе има влијание и врз финансиските резултати на секогаш профитабилниот Porsche, но тоа не значи дека вработените ќе останат без најавените бонуси.

Германскиот производител потврди дека на секој вработен му исплатил по 9.700 евра како дополнителен бонус за успешното работење во претходната финансиска година.

Сумата која ќе ја добијат околу 27.000 вработени во Германија не се промени и покрај тоа што профитот беше намален во однос на претходната година, како и покрај реалната закана во вид на коронавирус, која веќе предизвикува последици во работењето и на брендот од Цуфенхаузен.

Минатата година Porsche ја заврши со финансиски обрт од 28,5 милијарди евра и профит од околу 2,8 милијарди евра, што беше намалување за 317 милиони евра во однос на претходната година.

Во однос на добиениот бонус, вработените добиле и препорака да донираат дел од средствата во непрофитабилни организации, нешто што го направија и членови на Бордот на директори, додека Porsche неодамна донираше 5 милиони евра во борбата со коронавирусот.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider