Slider

Вести

Porsche ја најави премиерата на новиот 911 GT3

Slider

11/02/2021

Porsche ќе ја надополни актуелната генерација на својот култен модел 911, со најновата верзија на моќниот 911 GT3, a денеска официјално ја најави премиерата со тизер фотографија.

Официјално, германскиот бренд најави само нов член на 911 семејството, без да ја прецизира изведбата, но очигледно се работи за GT3.

Затемнетиот заден дел на автомобилот е најава за она што не очекува на 16. февруари, кога ќе се случи дигиталната премиера на Porsche 911 GT3, а од истакнатиот спортист се очекуваат многу елементи кои ќе ги истакнат карактеристиките кои го прават подготвен за предизвици на патека.

Она што засега е познато е дека 911 GT3 ќе го задржи 4.0-литарскиот атмосферски мотор, но со дополнителна ревизија која ќе влијае на моќноста, ефикасноста, па и емисијата од издувот.

Очекувани се најмалку 510 коњски сили, а на возните карактеристики ќе влијаат и големиот број зафати на аеродинамиката и употребените материјали.

Повеќе содржини за Porsche:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider