Slider

Новитети

Porsche ја прошири европската понуда на Taycan со основната RWD изведба

Slider

20/01/2021

Електричниот Taycan постигна одлични резултати во 2020 година, со продадени над 20.000 примероци на глобално ниво и интерес кој најавува дека годинава ќе биде уште поуспешна.

Во таа насока оди и промоцијата на основната RWD изведба на Taycan, која досега беше достапна само на кинескиот пазар, а од март ќе можат да ја добијат и купувачите во Европа и Северна Америка.

Досега достапните изведби на Taycan беа помоќни, со погон на четири тркала, но исто така и поскапи од RWD изведбата која ќе го носи само името, без никаква наставка.

И во овој случај има две варијации на тема, па најмалку моќната Taycan изведба ќе доаѓа со 326 коњски сили, кои со овербуст опцијата стигнуваат до 408 кс, како и автономија од 431 километар со едно полнење на батеријата.

Помоќната (Performance Battery Plus) верзија носи 476 кс со овербуст и автономија од 484 километри, а и во двата случаја останува достапен 800V системот за полнење, што на брз полнач овозможува автономија од 100 километри за 5 минути полнење.

RWD изведбата на Taycan ја добива и останатата напредна технологија на моделот која веќе беше претставена и надградена кај помоќните верзии, а главна предност ќе и биде фактот што со пониската цена ќе биде подостапна и ќе се симне под границата од 100.000 евра.

Повеќе содржини за Porsche:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider