Slide
Slide

Новитети

Porsche ја засили електричната понуда со Taycan Cross Turismo

Slide
Slide

04/03/2021

Porsche Taycan се претвори во пријатно изненадување за скептиците кои не веруваа дека германскиот бренд може да понуди препознатливи карактеристики и перформанси на електричен автомобил, а од денеска тој добива друштво во Cross Turismo изведбата.

Дигиталната светска премиера значи збогатување на понудата и електрична варијација која ќе им се обрати на фановите на комби изведбите, што кај Porsche значи атрактивна интерпретација во Cross Turismo верзија која се покажа како позитивен чекор во понудата на Panamera.

Она што ќе биде специфично за Taycan Cross Turismo е поголемиот клиренс, што значи и можност за похрабри авантури надвор од асфалтот, како и поголемиот капацитет на багажникот, факт кој ја зголемува функционалноста на автомобилот.

За првиот квалитет е вметнат „Gravel“ режимот за возење кој го подигнува автомобилот за 3 сантиметри, додека во однос на вториот доволно говори максималниот капацитет на багажникот од 1.200 литри.

Автомобилот е долг нецели 5 метри (4.974 мм), широк 1.967 мм, висок 1.409 милиметри и има импресивно меѓуоскино растојание од 2.904 милиметри.

Taycan Cross Turismo добива и адаптивна 4D шасија, што подразбира автоматска контрола на суспензијата и подвозјето и нивно адаптирање на специфични локации кои ќе бидат еднаш детектирани од системот.

Секој примерок на Taycan Cross Turismo ќе користи два електро-мотора, односно погон на четири тркала, а и кај овој модел Porsche очекувано вметнува напредна батерија, но и 800V технологија, која носи експресно полнење на брзи полначи.

Porsche Taycan Cross Turismo ќе биде достапен во четири изведби, при што почетната Taycan 4 Cross Turismo подразбира стандардна моќност од 380 кс (476 кс со овербуст опцијата). Автономијата со едно полнење се движи меѓу 389 и 456 километри.

Следуваат 4S Cross Turismo со 490 кс (571 кс со овербуст), Turbo Cross Turismo со 625 кс (680 со овербуст) и Turbo S Cross Turismo со 625 кс (761 кс со овербуст), при што кај најмоќната верзија автономијата се движи меѓу 388 и 419 километри со едно полнење на батеријата.

Забрзувањето до стотка кај истата трае само 2,9 секунди, a најмалку моќниот 4S Cross Turismo ја реализира истата задача за 5,1 секунда.

Почетната цена во Германија ќе изнесува 93.635 евра.

Повеќе содржини зa Porsche:

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1