Slide 1

Вести

Porsche ќе ги повлече бензинските изведби на Macan бргу по лансирањето на електричната изведба во 2023

Slide 1

Доколку се јави потреба, можно е одлуката за дисконтинуирање на бензинските изведби да стапи на сила во 2024 година - две години порано од планираното. - прототип на електричниот Macan на тест патеката во Веисах.

28/09/2021

Наскоро Porsche ќе воведе и електрична изведба од моделот Macan, но изведбите со бензински мотор ќе бидат дисконтинуирани порано од планираното.

Започнувајќи од 2023 година, при конфигурирање на Porsche Macan, купувачите ќе добијат уште една опција: тие ќе може да нарачаат комплетно електрична изведба од спортскиот SUV. 

Новата платформа на групацијата PPE (Premium Platform Electric) ќе дебитира токму кај Macan, а електричната изведба на моделот ќе се произведува во фабриката во Лајпциг. 

Според информациите, изведбата со бензински мотори ќе продолжи паралелно да се произведува уште три години по воведувањето на електричниот Macan. 

Според досегашните планови на производителот, тогаш комплетно ќе се исфрли од употреба бензинскиот мотор. Но, неодамнешната изјава на Себастијан Стаигер, директорот на тимот задолжен за моделот, навестува дека ова може да се случи и порано од предвиденото.

Во изјавата Стаигер наведува дека внимателно се следи ситуацијата со Co2 емисијата на ниво на групација. Доколку се јави потреба, можно е одлуката за дисконтинуирање на бензинските изведби да стапи на сила во 2024 година – две години порано од планираното.

Бестселерот на Porsche доби фејслифт кон средината на летото, по што моделот GTS го доби 2.9-литарскиот V6 мотор од Macan Turbo, со 440 hp. 

Голема е веројатноста следната “Turbo” изведба да биде електрична, бидејќи целта е токму електричниот SUV да ја замени изведбата со највисоки перформанси. 

Преку примерот со “Taycan Turbo” се забележува дека брендингот “Turbo” не мора да се однесува само на изведба со повисоки возни перформанси, туку може да означува дека се работи за највисокото ниво на изведба на моделот.

Прототип од електричнинот Macan за време на тестирањето на патеката во развојниот центар на Porsche.

Според изјава на директорот на Porsche, Оливер Блуме, менаџментот на брендот не сака да ја изгуби улогата на технолошки пионер, заради што се фокусирани на сопствени инвестиции во развој на електричната мобилност: “Во 2022 ќе инвестираме повеќе од 6 милијарди евра во електричната мобилност, а во 2025 година секој втор продаден Porsche автомобил ќе биде електричен погон”.

Но, сепак, производителот ќе се обиде да задржи микс од бензински, плаг-ин хибридни и електрични автомобили барем во следните десетина години. 

Повеќе содржини за Porsche:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental