Slide

Вести

Porsche ќе ги рестартира фабриките од понеделник

Slide

30/04/2020

По шест недели неактивност, од понеделник Porsche ќе ги рестартира своите фабрики и ќе продолжи со производство на автомобилите од своето портфолио.

Германскиот бренд го прекина производството на 21 март, првично за две недели, но потоа ја продолжуваше паузата откако коронавирусот донесе многу компликации и во однос на логистиката, односно снабдувањето со делови од добавувачите.

Сега 4 мај е денот предвиден за постепено враќање на производството во првична позиција, а од Porsche потенцираат дека ќе се преземат голем број хигиенски и заштитни мерки, со кои вработените во Цуфенхаузен и Лајпциг ќе бидат побезбедни и посигурни на своите работни места.

Вчера, беа објавени и финансиските резултати за првиот квартал од 2020 година, a според истите Porsche во три месеци продал 56.000 автомобили или за 1,3 проценти помалку од истиот период минатата година.

Повеќе содржини зa Porsche

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба