Slide

Вести

Porsche ќе продолжи ценовно и пазарно да се репозиционира, таргетирајќи купувачи на  Ferrari

Slide

Porsche pланира воведување на комплетно електричен спортски SUV модел, кој ќе биде позициониран над Cayenne, кој би бил подготвен за лансирање во 2026 година.

04/05/2023

Спортскиот премиум производител кој е дел од VW Group, планира умерено пазарно репозиционирање, преку кое ќе се конкурира со италијанскиот конкурент Ferrari.

Porsche ќе спроведе зголемување на цените на своите модели во Европа. Растот ќе се движи помеѓу од 4 до 8%, а ќе започне да се применува во втората половина на годината.

Производителот се надева и на дополнително релаксирање на ситуацијата со синџирот на достава на полупроводници и компоненти, особено кога е во прашање високоволтажниот систем на Taycan. Ова го потврди Луц Мешке, главниот финансиски директор на компанијата во средата.

Во првиот квартал од 2023, оперативната добивка на производителот порасна на 1.84 милијарди евра, додека приходите се зголемени на 10.1 милијарди евра.

Тоа е околу 25% повеќе споредено со претходната година.

Испораките се зголемени за 18%. Производителот испорача 80,767 возила во првите три месеци од годината.

Porsche pланира воведување на комплетно електричен спортски SUV модел, кој ќе биде позициониран над Cayenne, кој би бил подготвен за лансирање во 2026 година. 

Овој модел ќе има значајна улога за раст на оперативната маржа на своите модели над 20%.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година