Slide

Новитети

Porsche ќе произведе 1,250 примероци од 911 Sport Classic, сите со 7-степена мануелна трансмисија

Slide

911 Sport Classic во Германија ќе чини најмалку 272,714 Евра. Испораките за европските пазари ќе започнат во јули, по што ќе бидат вклучени и останатите пазари надвор од Европа.

29/04/2022

Спортскиот премиум производител ќе произведе само 1,250 примероци од 911 Sport Classic, во чест на легендарниот модел од 70-тите, 911 Carrera RS 2.7.

Моделот 911 Sport Classic, базиран на 911 Turbo S, ќе има 3.7-литарски twin-turbo мотор со 543 hp.

За разлика од 911 Turbo моделите, Sport Classic ќе биде достапен само со седум-степена мануелана трансмисија, преку која силата од моторот ќе се пренесува на задната оска.

911 Sport Classic има специфични визуелни елементи, вклучувајќи го и големиот карбонски спојлер во задниот дел, фиксен спојлер и LED Matrix светла во предниот дел.

Porsche ги отстрани и големите отвори за воздух, давајќи им поголема доминација на задните браници. 

911 Sport Classic во Германија ќе чини најмалку 272,714 Евра. Испораките за европските пазари ќе започнат во јули, по што ќе бидат вклучени и останатите пазари надвор од Европа.

Моделот 911 Sport Classic е втор од вкупно четирите колекционерски модели кои се дел од Porsche Heritage Design стратегија. Првиот од нив беше 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој вклучуваше дизајнерски елементи од 1950-тите и 1960-тите, а беше лансиран пред 2 години.

“Heritage Design моделите се најемотивните концепти на производната стратегија на Porsche”, изјави Александер Фабиг, директор на одделот во Porsche, задолжен за индивидуализација и класични модели.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди