Slide

Новитети

Porsche Macan GTS: Дополнителни 20 кс и гаранција за спортски карактер

Slide

Новиот Porsche Macan GTS доаѓа со 20-инчни тркала, спортскиот издув ќе го пренесува ритамот на би-турбо агрегатот, а притискањето на педалот за гас лепи за седиште со 520 Nm достапни веќе на 1.500 вртежи во минута

17/12/2019

Porsche го заокружи циклусот на освежување на актуелниот Macan, со најмоќната GTS изведба, која наредниот период ќе стане достапна за купувачите на сите пазари.

А најдобрата вест за нив е дека 2.9-литарскиот V6 бензинец добива 20 коњски сили повеќе од претходната верзија, па Porsche Macan GTS сега под поклопецот има 380 коњски сили. Во комбинација со ревидираната PDK трансмисија и Sport Chrono пакетот, овој автомобил стигнува до 100 км/ч за 4,7 секунди.

GTS печатот на овој Macan ги истакнува неговите динамични квалитети, посебна калибрација добива суспензијата, шасијата е спуштена за 15 милиметри, а со опција како адаптивна воздушна суспензија, спуштањето се зголемува за дополнителни 10 милиметри.

Новиот Porsche Macan GTS доаѓа со 20-инчни тркала, спортскиот издув ќе го пренесува ритамот на би-турбо агрегатот, а притискањето на педалот за гас лепи за седиште со 520 Nm достапни веќе на 1.500 вртежи во минута.

Германците посветиле сериозно внимание и на подготовката на ентериерот, вметнувајќи интересни и атрактивни детали поврзани со материјали како Alcantara, но и спортски кожени седишта опшиени со црвена боја. Возачот на располагање ги добива и потребните безбедносни системи, како и опција за безжично полнење на својот телефон на централната конзола.

Porsche-Macan-GTS6
Porsche-Macan-GTS1
Porsche-Macan-GTS2
Porsche-Macan-GTS3
Porsche-Macan-GTS

Exit full screenEnter Full screen

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан