Slider

Вести

„Порше Македонија“ го презема автомобилот за сервис од вашиот дом

Slider

„Порше Македонија“ реши да го поедностави користењето на сервисниот центар и дополнително да ја неутрализира грижата на сопствениците на автомобилите во овој период, овозможувајќи преземање на автомобилот од домот на својот клиент

20/04/2020

Кризата со коронавирусот наметна и промени во работењето на македонските автомобилски импортери и овластени сервисери, при што во прв план е истакната грижата за своите вработени, купувачите и посетителите на сервисните центри.

„Порше Македонија“ реши да го поедностави користењето на сервисниот центар и дополнително да ја неутрализира грижата на сопствениците на автомобилите во овој период, овозможувајќи преземање на автомобилот од домот на својот клиент.

Тоа значи дека нему му останува обврската да го закаже сервисот и во договорениот термин тој ќе биде преземен од професионален техничар на „Порше Македонија“, а по завршувањето на сервисирањето во сервисниот центар, целосно ќе биде исперен и дезинфициран и вратен на истата адреса.

Закажувањето сервис се остварува преку вообичаените начини на комуникација со сервисниот центар за различните брендови кои ги застапува „Порше Македонија“ или преку контакт формата достапна на овој ЛИНК

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider