Slider

Вести

Porsche најави поголем клиренс и различна суспензија за Taycan Cross Turismo

Slider

19/02/2021

Зимската сезона одлично се вклопува во амбициите на Porsche да ги тестира и утврди лимитите на еден електричен автомобил, а во случајов се работи за последните подготовки за лансирање на Taycan Cross Turismo.

Кросовер изведбата на електричниот Taycan ќе го зголеми капацитетот на првиот електричен модел на Porsche, кој само минатата година беше продаден во над 20.000 примероци.

– Со Taycan Cross Turismo сакаме да понудиме подобрена пространост во кабината, како и повеќе флексибилност и универзалност.

– Подготвивме целосно нова линија на покривот и кровни носачи, има повеќе простор на задните седишта, како и поголем капацитет на багажникот, – вели Штефан Векбах, одговорен за овој проект во Porsche.

Интересно е што Cross Turismo изведбата ќе добие поголем клиренс и ревидирана суспензија која ќе овозможи поголем капацитет за оф-роуд авантури.

Германскиот производител е убеден дека Taycan Cross Turismo ќе обезбеди дополнителен број купувачи, а тие ќе се пронајдат во специфичниот карактер на автомобилот.

Повеќе содржини за Porsche:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider