Slide 1

Вести

Porsche најави поинтелигентен PCM инфо-забавен систем и интеграција на Android Auto

Slide 1

21/06/2021

Porsche летово ќе почне да ја вградува новата генерација на својата платформа за инфо-забавниот систем, односно веќе шестото издание на Porsche Communication Management (PCM).

Први модели кои ќе го добијат надградениот инфо-забавен систем се Cayenne, 911 и Panamera, а најважниот новитет е потемелното интегрирање на Apple Music и Apple Podcasts, како и вклучувањето на Android Auto за првпат во рамките на опциите за користење на возачот и патниците.

Најавите на германскиот производител се дека PCM 6.0 побрзо ќе ги процесира и информациите од навигацијата, надградбата на софтверот во иднина ќе може да се реализира онлајн, а асистентот за гласовни команди полесно ќе ги реализира желбите на возачот.

Интегрирањето на Android Auto е важен чекор кој ќе ја подобри комуникацијата на корисниците на телефони со Android оперативен систем со инфо-забавниот систем, додека пак напредокот во соработката со Apple овозможува безжично поврзување и пристап на музика и подкасти без претплата наредните три години.

Повеќе содржини за Porsche:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla