Slide

Вести

Porsche не се откажува од атмосферските мотори

Slide

Атмосферците во комбинација со електро-мотор ќе овозможат посакувани перформанси во целиот распон вртежи и се идеален микс и овозможуваат користење уште најмалку една деценија

24/08/2020

Германскиот производител Porsche одамна почна да употреба турбо мотори, но тоа не значи дека ќе се откаже од атмосферците, кои и натаму се дел од понудата на овој бренд.

Првиот човек на одделот за спортски автомобили на Porsche, Франк-Штефан Вализер го потврди овој став, потенцирајќи дека планот се реализира паралелно со процесот на електрификација.

– Не само што продолжуваме да ги користиме, туку ќе продолжиме и да ги развиваме овие мотори. За тоа да биде реална мисија, ќе треба да бидат електрифицирани до некој степен, – изјавил Вализер за „Мотор1“.

Атмосферците во комбинација со електро-мотор ќе овозможат посакувани перформанси во целиот распон вртежи и се идеален микс и овозможуваат користење уште најмалку една деценија.

Вализер потенцира и дека Porsche нема да заборави ниту на турбо моторите, но и на електричните изведби, па уште годинава ќе биде претставен Taycan Cross Turismo, како комби изведба на актуелниот Taycan, додека следната година ќе биде претставена новата генерација на Macan и тој ќе биде понуден како електричен SUV.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск