Вести
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Porsche во 2026 година во својата фабрика во Лајпциг ќе започне со производство на својот електричен знаменосец, на кој интерно се реферира со ознаката K1.
Менаџментот на Porsche одлучи да се повлече од Artemis проектот на VW Group. По одлуката, дивизијата на VW нема да го произведува новиот електричен модел на Porsche во фабриката во Хановер, заедно со моделите на Audi и Bentley.
Трите луксузни електрични модели заедно беа дел од Artemis проектот, кој вклучува развој на нови технологии за електрични и високо автоматизирани модели.
Менаџментот на Porsche, сепак, верува дека нивната целна група се состои од купувачи кои се ориентирани кон спортските перформанси на автомобилите, па напредните автономни функционалности на Artemis моделите нема да бидат пресудни. Наместо тоа, брендот лобираше кај лидерството на VW Group, Porsche да започне со производство на сопствен модел во својата фабрика во Лајпциг.
Одлуката ќе го чини брендот околу 100 милиони евра, кои треба да ги плати на VW Commercial Vehicles дивизијата, како надомест заради изземањето од проектот.
Според најновиот развој на ситуацијата, Porsche во 2026 година во својата фабрика во Лајпциг ќе започне со производство на својот електричен знаменосец, на кој интерно се реферира со ознаката K1.
Моделот на Porsche нема да биде дел од Artemis проектот, но ќе ја користи PPE платформата која заедно ја развиваат со Audi. Платформата дополнително е адаптирана од страна на инженерите на Porsche, за да биде соодветна за комплетно електричните Macan и Panamera, кои треба да бидат лансирани во 2024 и 2025, респективно.
Претходниот план предвидуваше производство од околу 25,000 Porsche возила во фабриката во Хановер.
Во истата фабрика ќе се произведува електричниот патнчки ван ID Buzz, неговата кампер изведба, наречена ID California, како и плаг-ин хибрид изведба на T7 Multivan.