Slide

Вести

Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра

Slide

Volkswagen ќе има дури 75% од сопственичката структура. Само 12.5% од вкупните акции (оние без право на глас) се јавно достапни.

29/09/2022

Продажбата на акции на Porsche ќе му овозможи на Volkswagen да обезбеди средства кои би ги инвестирале во електрификацијата.

Volkswagen Group од денес започнува со иницијалната понуда на акции за Porsche, кои ќе имаат цена од 82.50 евра по акција, со што вкупната проценета вредност на компанијата ќе изнесува 78 милијарди евра.

Со ова, Porsche ќе биде запаметен по најголемата инцијална понуда на акции во Европа во последните 10 години.

Porsche денес (четврток) го започнува својот прв ден на берзата во Франкфурт.

Издвојувањето на производителот на легендарната 911-ка е храбар потег, кој освен што ќе обезбеди средства за развојот на електрична технологија, ќе им овозможи на новите инвеститори чувство на задоволство како делумни сопственици на бренд како што е Porsche.

Тоа е нешто слично на примерот со Ferrari, кој во 2015 беше издвоен од сопственичката структура на Fiat.

Според експертите во индустријата, доколку Porsche успешно ја изведе операцијата со иницијалната јавна понуда на акции, тоа ќе значи дека се работи за многу атрактивен и стабилен бренд.

Интересно е тоа што вкупната проценета вредност на Porsche e не многу помала од вкупната проценета вредност на VW Group, групација во која членуваат Audi, Skoda, Seat и секако, брендот Volskwagen.

Во однос на деталите, Volkswagen го подели капиталот на Porsche на два еднакви дела составени од акции со право на глас и оние без право на глас. Volkswagen ќе има дури 75% од сопственичката структура. Само 12.5% од вкупните акции (оние без право на глас) се јавно достапни.

Голем дел од овие акции се во сопственост на Qatar Investment Authority, норвешкиот фонд, T. Rowe Price и ADQ.

Останатите 12.5% од вкупните акции ќе бидат во сопственост на најголемите акционери во Volskwagen – богатите семејства Porsche и Piech, преку нивната инвестициска компанија Porsche Automobil Holding SE. 

Семејството веќе поседува 53% од сопственоста на Volkswagen Group. Сѐ до 2009 година ова семејство поседуваше половина од акциите во Porsche и сите акции со право на глас. 

Што се однесува до профитабилноста на производителот, Porsche годинава планира приходи од 39 милијарди евра.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск