Slider

Вести

Porsche откри концепти кои досега не биле споделени со јавноста

Slider

Концептот од 2018 година покажува како сите квалитети на брендот може да се пренесат во сегмент кој не е карактеристичен за Porsche, a притоа располага и со електричен погон

13/11/2020

Германски Porsche реши да сподели со своите фанови поголем број на концепти, кои досега не биле претставени пред јавноста.

„Porsche Unseen“ e името на виртуелната изложба, но и книга која веќе е објавена, а во која се претставени 15 досега тајни концепти, од кои дизајнерите црпеле инспирација за актуелните модели на брендот.

Porsche го претставува целиот процес на дизајнирање на овие концепти, започнувајќи од првите скици направени од дизајнерите, па се до комплетно склопените автомобили кои раскажуваат своја приказна.

– Porsche намерно има само еден свој дизајнерски центар. Вајзах е нашиот епицентар, па наместо да отвораме студија во метрополите на други континенти, нашите дизајнери доаѓаат овде за да ги дизајнираат најновите концепти и модели за сериско производство. Повеќе од 120 дизајнери работат во нашиот центар, – открива првиот човек на овој сектор, Михаел Мауер.

Porsche 919 Street

Од интересните концепти кои веќе се покажани од Porsche, тука е 919 Street, кој бил инспириран од легендарниот хибрид кој брендот го употребуваше за шампионатите во издржливост. Димензиите и шасијата се преземени од автомобилот користен на Ле Ман, а тоа значи и 900 коњски сили на хибридниот погон.

Porsche Vision Spyder

Тука е и Porsche Vision Spyder, интересен концепт од 2019 година, кој својот модерен дизајн го комбинира со традиционални елементи познати од Spyder модели на брендот од пред повеќе децении.

Porsche Vision Racing Service e веројатно најневообичаениот концепт, кој претставува фамилијарен автомобил со простор за шест патници. Концептот од 2018 година покажува како сите квалитети на брендот може да се пренесат во сегмент кој не е карактеристичен за Porsche, a притоа располага и со електричен погон.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider