Skip to content

Вести

Porsche планира нова генерација на Cayman и Boxster со електричен погон

Новата генерација на најдостапните модели на Porsche се очекува најдоцна во 2024 година, Cayman и Boxster ќе добијат нови атрибути со кои ќе ги освојуваат помладите купувачите на луксузни спортски автомобили, но веројатно тоа ќе го прават со електричен погон

02/12/2019

Позитивните реакции за Taycan, првиот електричен модел на Porsche, ги натера првите луѓе на германската компанија да размислуваат во насока на побрза електрификација на своето портфолио.

Според Оливер Блум, Porsche веќе има 30.000 нарачки за Taycan, уште претходно најави дека следната генерација на малиот SUV – Macan ќе биде целосно електрична, а последната идеја е тоа да се случи и со Cayman и Boxster.

Новата генерација на најдостапните модели на Porsche се очекува најдоцна во 2024 година, Cayman и Boxster ќе добијат нови атрибути со кои ќе ги освојуваат помладите купувачите на луксузни спортски автомобили, но веројатно тоа ќе го прават со електричен погон.

Како што појаснува Блум, тоа нема да биде крај за Cayman и Boxster со бензински мотор, бидејќи таквите изведби ќе останат во понудата, во меѓувреме добивајќи и целосна модернизација на останатите елементи.

Фановите на Porsche ќе бидат задоволни и со најавата за хибридна изведба на култниот 911, чија нова изведба ќе биде најмоќна во историјата на моделот, а истовремено ќе ги задржи препознатливите возни карактеристики.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend