Новитети
Porsche подготви специјална серија за десеттиот роденден на Panamera
Десеттиот роденден на Panamera ќе биде одбележан со специјална серија, која ќе ја добие наставката „10 Years Edition“
Претставувањето на Porsche Panamera во 2009 година значеше конечна реализација на германскиот бренд да спортски седан кој ќе функционира како „Porsche за четворица“ и ќе успее да ја задржи спортската ДНК како основа.
Дебито на новиот модел донесе различни реакции, но десет години подоцна Panamera e вистинска гордост на Porsche, додека втората генерација веќе се погрижи да биде надмината бројката од 250.000 испорачани примероци во целиот свет. Десеттиот роденден на Panamera ќе биде одбележан со специјална серија, која ќе ја добие наставката „10 Years Edition“, задржувајќи ги препознатите квалитети и богата опрема, но добивајќи и дизајнерски додатоци кои ќе го потенцираат јубилејот.
Специјално изработени 21-инчни тркала, Panamera 10 ознаки на предните врати и внимателно адаптиран ентериер се дел од квалитетите на Panamera 10 Years Edition, серија која ќе биде достапна со Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid во класична и Sport Turismo изведба.
Porsche потенцира дека постојат уште голем број опции за надградба на специјалната серија, а покрај сите возачки и безбедносни системи кои гарантираат врвна динамичност, тука е и воздушната суспензија со три комори за посакуваниот комфор. Плаг-ин хибридните примероци ќе добијат и 7,2 kWh полнач, за разлика од стандардните со капацитет од 3,6 kWh.