Slide 1
Slide 1

Вести

Porsche подготвува Cayenne со 640 кс како ривал за Urus и Bentayga Sport

Slide 1
Slide 1

20/05/2021

Легендарниот Валтер Рерл во улога на бренд амбасадор имаше можност прв да ја тестира новата, специјална изведба на Porsche Cayenne, која наскоро ќе биде претставена и ќе им биде достапна на купувачите.

Помоќен од актуелниот Cayenne Turbo S, овој SUV ќе им парира на групациските ривали Lamborghini Urus и Bentley Bentayga Sport, a сето тоа благодарение на 4.0-литарскиот V8 мотор со дури 640 коњски сили.

Наставката на овој Cayenne засега не е позната, но јасно е дека ќе биде достапна само како Cayenne Coupe изведба, а ќе биде подинамичен и поспортски од плаг-ин хибрид изведбата и поради помалата тежина.

Porsche вели дека автомобилот ги финализира тестирањата и калибрациите кои ги прават инженерите, а ќе добие специфични ревизии на суспензијата, шасијата и системот за управување, за што поголема динамичност и посакувани перформанси.

Повеќе содржини за SUV модели:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови