Slide 1

Вести

Porsche подготвува уште една, најдостапна изведба на Taycan

Slide 1

Електричниот Taycan веќе добива се поголем број фанови на глобално ниво, иако се работи за автомобил за кој треба да се одвои шестцифрена сума во евра, а Porsche потврди дека подготвува уште една изведба

22/04/2020

Електричниот Taycan веќе добива се поголем број фанови на глобално ниво, иако се работи за автомобил за кој треба да се одвои шестцифрена сума во евра, а Porsche потврди дека подготвува уште една изведба.

Се работи за изведба која би била најдостапна за купувачите, односно Taycan со електричен погон на задните тркала, пред се за пазарите каде се проценува дека возачите и не преферираат погон на четири тркала, што значи и електро-мотор повеќе.

– Наскоро ќе има и почетна, подостапна изведба на Taycan. Тоа ќе биде автомобил со погон на задната оска и помала батерија, со што ќе биде подостапен за купувачите, посебно за пазарите каде не ни е потребен 4WD погон, како Кина, – изјавил Михаел Штајнер, предводникот на секторот за истражување и развој на Porsche за магазинот „Car“.

Во моментов Taycan е достапен во 4S, Turbo и Turbo S изведба, a максималната (овербуст) моќност на последната е 761 коњска сила.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental