Slider

Новитети

Porsche претстави помоќна Turbo S и нова хибридна изведба на Panamera

Slider

Panamera Turbo S изведбата ќе ја замени досегашната Panamera Turbo, a во однос на моќноста стигнува до 620 коњски сили и вртежен момент од 830 Nm

27/08/2020

Актуелната генерација на Porsche Panamera го доби вообичаеното освежување, кое покрај козметичкиот третман на екстериерот и ентериерот, најмногу ќе им се допадне на возачите кои инсистираат што поизразени перформанси.

Во случајов, тоа се однесува на Panamera Turbo S изведбата која ќе ја замени досегашната Panamera Turbo, a во однос на моќноста стигнува до 620 коњски сили и вртежен момент од 830 Nm.

Со помош на 4.0-литарскиот V8 твин-тубро мотор спринтот до стотка на оваа изведба трае само 3,1 секунда.

Porsche го збогати изборот и со уште една плаг-ин хибрид изведба, поточно Panamera 4S E-Hybrid, чија автономија на електричен погон стигнува до 55 километри, а погонската моќ е заокружена на импресивни 560 коњски сили.

На половина пат меѓу класичната Panamera, односно Panamera Executive, Panamera Sport Turismo и жестоката Panamera Turbo S, останува Panamera GTS. Сепак и оваа изведба добива дополнителна „коњаница“, па ќе биде достапна со 473 коњски сили.

Во ентериерот, класичната Panamera и останатите помоќни изведби добиваат уште повеќе опции во однос на конфигурирањето, освежување на комбинациите кои може да се изберат, а на располагање останува 12,3-инчниот централен екран со голем број опции и функции.

Porsche потврди и адаптирана калибрација на суспензијата и подобрени сопирачки за секоја изведба, а инженерите работеле и на уште подобра управливост на спортскиот седан и неговата Sport Turismo изведба.

Сите изведби ќе го добијат Sport Design концептот на предниот дел, а во однос на екстериерот направено е и освежување на светлата, вклучувајќи ги и хоризонтално поврзаните задни светла.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider