Slider

Вести

Porsche продаде 20.000 примероци на Taycan за една година

Slider

14/01/2021

Електричниот Taycan успеа да ги неутрализира сите предрасуди во однос на капацитетот за перформансите кои се очекуваат од автомобил со логото на Porsche, па стана и еден од важните фактори што германскиот бренд има минимален пад на продажбата во комплицираната 2020 година.

Продажните резултати на Porsche покажуваат испорачани 272.162 примероци во текот на една календарска година, е што е пад за само 3 проценти во однос на 2019-та и може да се смета како поволен исход од периодот во кој имаше застој во производството и продажбата во целата индустрија.

Индивидуално, електричниот Taycan стигна до 20.015 купувачи кои одвоија шестцифрена сума за моќниот електричен спортист, кој отвори нова ера и за самиот бренд.

Бестселер на Porsche е Cayenne, од кого се испорачани 92.860 примероци, додека традиционално популарниот 911 стигна до 34.328 нови купувачи.

Очекувано, најголемиот пад на продажбата е забележан во Европа (-9%), додека раст е забележан во Кина (+3%) и регионот кој го опфаќа пафицичкиот дел на Азија, како и Африка и Блискиот исток (+4%).

Повеќе содржини за Porsche:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider