Slide 1

Стории

Porsche развива нови батерии со силициум кои ќе работат на температури над 75 степени Целзиусови

Slide 1

Во интервју за весникот "Welt am Sonntag" Блум изјави дека енергетската густина на новите батерии ќе биде за околу 40% повисока споредено со оние кои се вградуваат во тековниот Taycan.

21/09/2021

Porsche планира да започне со сопствено производство на батериски ќелии со силициумски аноди. Новите батерии би требало да генерираат повеќе енергија по килограм, температурна стабилност и побрзо полнење. Веќе во 2024 година се очекува стартот на нивното производство, кое најверојатно ќе биде лоцирано во сојузната држава Баден-Вуртемберг.

Porsche развива нови батерии кои ќе користат силициумски наместо графитни аноди. Спортскиот премиум производител за првпат објави дел од проектот во март годинава, за време на настан организиран од Volkswagen Group. Тогаш преставниците на брендот најавија дека новите батерии ќе се произведуваат во Европа, а ќе се користат за спортски автомобили кои се произведуваат во мали серии.

Кон средината на летово активностите на Porsche станаа појасни со објавувањето на новото заедничко вложување кое го формираа заедно со Customcells, компанија со која заеднички ќе ги развиваат и произведуваат батериите со високи перформанси.

Менаџментот на Porsche размислува за неколку можни локации во државата Баден-Вуртемберг за изградба на фабрика за производство на батериите. Како опции се спомнуваат Тубинген, Гертринген или локација во близина на Хеилброн. Се очекува конечната одлука да се донесе во следните неколку седмици. 

1920-b-P19_0656_a3_rgb
1920-b-P19_0685_a3_rgb
1920-b-P19_0694_a3_rgb
1920-b-P19_0699_a3_rgb
1920-b-P19_0705_a3_rgb
1920-b-P19_0706_a3_rgb

1920-b-P19_0656_a3_rgb
1920-b-P19_0685_a3_rgb
1920-b-P19_0694_a3_rgb
1920-b-P19_0699_a3_rgb
1920-b-P19_0705_a3_rgb
1920-b-P19_0706_a3_rgb
previous arrow
next arrow

Планираната фабрика треба да има капацитет од 100 мегават часови годишно. Доколку како основа за споредба се земе просечниот капацитет на тековните батерии, ова значи дека со производството ќе може да се опремат околу 1.000 автомобили годишно. Производството во новата фабрика се очекува да започне во 2024 година.

Porsche има мнозински удел од 83.75% во новоформираната компанија, во која покрај Customcells, околку 60 милиони евра инвестираше и Владата на Германија. 

Ја основавме Customcells со цел да развиваме специфични батерии според потребите на клиентите, а токму тоа е нешто што планираме да го постигнеме во соработка со Porsche – изјави Торге Тонесен, Извршен директор на Customcells.

“Батериските ќелии се иднината. Новата компанија Cellforce Group ќе го зајакне капацитетот во однос на истражување, развој, производство и продажба на батерии со високи перформанси” – изјави Извршниот директор на Porsche, Оливер Блум за време на прес конференцијата. “Со заедничкиот проект ќе се позиционираме цврсто на врвот кога е во прашање производството на батерии. Вака ќе ја обликуваме иднината на спортските автомобили” – додава Блум.

За време на настанот организиран од Volskwagen Group, директорот на Porsche изјави “Нашите спортски автомобили наметнуваат потреба од батерии со високи перформанси. Силициумот има голем потенцијал во однос на нивниот развој”. 

Претставниците на Porsche и Customcells за време на објавувањето на заедничкото вложување.

Кога наместо графитни аноди се користи Силициум, се овозможува работа на батериите на температури повисоки од 75 степени Целзиусови. Ова е особено важно за тркачките модели, каде тековниот максимум од 55 степени Целзиусови има негативно влијание во екстремни ситуации.

Преку користење на Силициумот, се овозможува и значително зголемување на енергетската густина во споредба со тековните батерии. Новите батерии ќе овозможат поголем аутпут на енергија по килограм. Новиот хемиски состав, пак, овозможува намалување на внатрешниот отпор на батеријата. Како резултат на тоа, таа ќе може да апсорбира повеќе енергија при рекуперацијата, а ќе се зголеми ефикасноста при брзото полнење. 

Во интервју за весникот “Welt am Sontag” Блум изјави дека енергетската густина на новите батерии ќе биде за околу 40% повисока споредено со оние кои се вградуваат во тековниот Taycan. Новиот хемиски состав значително го скусува и времето на полнење. “Денес, Taycan се полни од пет до 80% за 22.5 минути. Новите батерии ќе можат да ја завршат истата операција за помалку од 15 минути” – додава Блум. 

Овозможувањето батериите да работат при повисока температура, сепак, најмногу е важно во мотоспортот. Но, во секојдневното користење на електричните возила, многу поважно е батериите да функционираат и при екстремно ниски температури, во текот на повеќе години и при многу циклуси на полнење. Менаџментот на Porsche тврди дека новата технологија ги адресира и овие аспекти.

Менаџментот на Porsche сака комплетниот ланец на производство на батериите, вклучувајќи ги сите добавувачи, да биде во Европа. 

Затоа, за производство на новата генерација на батерии Porsche воспостави соработка со компанијата BASF. Хемискиот гигант ќе ги испорачува катодните материјали за батериите, кои се клучни за брзо полнење и голема енергетска густина. 

Батериите со високи перформанси се вклопуваат во филозофијата на Porsche. Менаџментот на производителот сака да ги направи практични долгите патувања во електрично возило, преку намалување на времето на полнење на батериите, наместо преку зголемување на нивниот капацитет и следствено, нивната тежина. Овој концепт е логичен токму кај спортските автомобили, бидејќи тешките батерии го оневозможуваат динамичкото возење, особено на тркачките патеки.

Повеќе содржини за Porsche:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental