Slide 1

Стории

Porsche развива SUV модел со 7 седишта, поширок, подолг и повисок од Cayenne

Slide 1

Менаџментот на брендот го препозна потенцијалот на SUV сегментот во раните 2000-ти и го лансираше Cayenne уште во 2002 година, по што следеше и помалиот Macan во 2013.

24/11/2021

Новиот модел ќе пристигне во втората половина на декадава и најверојатно ќе има трет ред седишта.

Производителот на спортски автомобили од Цуфенхаузен уште еднаш планира да ги помести границите на она што го дефинира Porsche како бренд.

Производителот, кој е познат по своите спортски автомобили, и од неодамна по спортските кросовери, развива модел кој е повисок, подолг и поширок од Cayenne. Cayennе, модел кој спаѓа во сегментот на SUV модели со средна големина, е најголемиот модел на брендот во моментов. 

Скици и рендери од изгледот на новиот модел им биле покажани на дел од претставниците на дилерската мрежа на Porsche во САД.

“Се работи за нов стил на автомобил кој делумно е седан, делумно кросвоер” – изјавил еден од дилерите, опишувајќи го изгледот на претставениот модел.

Претставник на Porsche за Северна Америка изјави дека компанијата нема да ги коментира најавите за следни модели, но додаде дека производителот е отворен за споделување идеи во рамките на иницијативата Porsche Unseen. Во рамките на оваа иницијатива најголем дел од идеите не ја достигнуваат фазата на реализација, но служат како инспирација.

“Ние сме благодарни за големата креативност во рамките на нашиот бизнис, при нашето истражување за нови можности и форми во рамки на кои може да се натпреваруваме и во иднина” – изјавил претставникот. “Но, сè уште не е одлучено дали овие идеи ќе стигнат во понапреден стадиум од само идеи и рендери и дали ќе стигнат до продукциската фаза”.

Доколку моделот стигне до продукциската фаза, тоа би се случило по 2025 година. Најавениот модел би бил првиот модел на Porsche кој ќе вклучува трет ред на седишта.

Моделот воопшто не асоцира на останатите модели на Porsche и воопшто не изгледа како Macan или Cayenne.

Иако сè уште не се потврдени плановите околу погонот на моделот, претставниците на Porsche во САД oчекуваат најпрво да биде лансиран како плаг-ин хибрид, по што би следела и комплетно електрична изведба.

Развојот на новиот модел можно е да биде поврзан со големиот електричен SUV, кој Volkswagen Group го развива за брендовите Audi, Porsche и Bentley.

Тој модел, со кодно име Landjet, ќе излезе од нова производна лента во фабриката на VW Group во Хановер. 

Моделот со три реда и седум седишта се развива од страна на Audi како дел од Artemis проектот, чија цел е креирање и инкорпорирање на нови технологии за електрични и високо автоматизирани автомобили во рамките на VW Group.

Landjet се очекува да има автономија од 650 километри. Не е познато дали продукциската верзија на Landjet ќе биде седан, мултифункционално возило или ќе има форма која ќе кобинира елементи и од двете споменати каросериски изведби. 

Додавањето на голем SUV модел и во рамките на брендот Porsche би било насочено кон привлекување на помлади клиенти.

Имено, просечната возраст на сопствениците на спортските автомобили на Porsche изнесува 60 години, во споредба со оние кои поседуваат еден од двата SUV модели, чија просечна возраст изнесува само 38 години.

Тековната гама на SUV моделите на Porsche е соодветна само за помали семејства, бидејќи и Macan и Cayenne се модели со по два реда на седишта. Преку додавање на модел со три реда, сопствениците на SUV модели на Porsche нема да мора да го напуштат брендот штом се зголеми бројот на членови на нивното семејство.

Исто така, голем SUV модел со 7 седишта ќе биде идеален за привлекување на клиенти од САД, кои се насочени кон големи пикапи и големи SUV модели, а чиј фаворит во моментов е Ford F150. 

Иако воведувањето на Porsche модел со седум седишта може да доведе до негодување од страна на верните фанови на брендот, Porsche во минатото покажал дека не се плаши да излезе од традиционалните практики штом за тоа забележи добра пазарна можност. 

Менаџментот на брендот го препозна потенцијалот на SUV сегментот во раните 2000-ти и го лансираше Cayenne уште во 2002 година, по што следеше и помалиот Macan во 2013. Сега токму овие модели генерираат волумен во продажбите на брендот.

За време на состанокот во САД, дилерите биле брифирани и за стратегијата на Porsche во однос на транзицијата од возила со мотори со внатрешно согорување, кон комплетно електрична гама. Производителот очекува плаг-ин хибридите и комплетно електричните модели да сочинуваат над 80% од светската продажба на брендот во 2030 година.

Најавено е дека дел од изведбите на Cayman и Boxster ќе станат комплетно електрични модели во 2025 година.

Дизајнот на предниот дел на електричниот Boxster (чии рендери исто така биле претставени) е сличен на Taycan. 

Исто така, во задниот дел доминира елементот во кој се поставени задните светла, а кој исто како и кај Taycan, ќе се протега низ целата ширина на задниот дел. 

Во 2023 година се очекува и електрична изведба на Macan – бестселерот на Porsche.

Porsche планира во електричниот Macan да воведе технологија која ќе овозможува “hands-free” управување на возилото, како и систем за мониторирање базиран на камери.

Од друга страна, иако комплетно електрична 911-ка е надвор од игра, најавена е хибридна изведба, која ќе дебитира кон крајот на декадава.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental