Skip to content

Вести

Porsche со позитива во сите региони за рекордна година, Macan останува бестселер

Во 2019 година Porsche испорачал 280.800 автомобили, а најпродавани остануваат членовите на SUV гамата, односно моделите Macan и Cayenne

14/01/2020

Растот на брендот Porsche е реалност и за календарската 2019 година, а германскиот производител потврди дека тој е изразен со дури 10 проценти.

Профитабилноста на Porsche одамна е истакнато како едно од најважните достигнувања на брендот од Цуфенхаузен, а истата се надополнува и со поголеми продажни бројки, при што минатата година е надмината границата од 280.000 продадени примероци.

Поточно, во 2019 година Porsche испорачал рекордни 280.800 автомобили, а најпродавани остануваат членовите на SUV гамата, односно моделите Macan и Cayenne.

Помалиот Macan кој доби освежување стигнал до 99.944 нови купувачи, што е зголемување за 16 проценти за овој модел, додека Cayenne e продаден во 92.055 примероци, со раст од дури 29 проценти за кој свој удел има и новата Cayenne Coupe атрактивна варијација.

Porsche го истакнува големиот раст во Германија, но и воопшто во Европа, каде продажбата пораснала за 15 проценти, а за позитивните резултати влијаеше и зголемената продажба со по 8 проценти на кинескиот и американскиот пазар. Со тоа, германскиот бренд е еден од ретките кои имаат позитивен биланс на сите поголеми пазари, односно региони во комплексната 2019 година.

Актуелната 2020-та може да донесе и пробивање на границата од 300.000 продадени возила, не само поради актуелноста на сите модели предводени од култниот Porsche 911, туку и поради зголемувањето на интересот за Cayenne Coupe и пред се електричниот Taycan, чиј ефект ќе се почувствува дури оваа година.

Финансиските резултати треба да го следат истиот тренд како и продажбата, а за тоа каква е позицијата на Porsche во однос на профитабилноста говори фактот што претходната година стигна до оперативен профит од 4,75 милијарди долари.

Просечниот чист профит по примерок изнесувал 18.500 долари, а со вакви бројки Porsche можеше да си дозволи и зголемување на бројот на работници за цели 9 проценти.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend