Slide 1

Вести

Porsche стана доминантен сопственик во Greyp, хрватски производител на електрични велосипеди

Slide 1

Porsche веќе претстави два електрични велосипеди во март годинава, Porsche eBike Sport и eBike Cross.

22/11/2021

Porsche Ventures, дивизијата на Porsche задолжена за инвестиции, уште од 2018 година поседува 10% удел во Greyp. 

Но, во меѓувреме стигна понуда за преземање на Greyp од страна на друг инвеститор, по што менаџментот на Porsche реши да не ризикува и побрза да ја искористи приоритетната позиција за зголемување на сопственичкиот удел. 

Интересно е што освен основачите на Greyp, меѓу оние кои имаат удел во компанијата е и Мате Римац, основачот и директор на Rimac Group, компанија во која покрај Мате Римац, втор по големина инвеститор е токму Porsche со 24%.

Porsche во континуитет ја зацврствува својата стратегија за електронска мобилност – изјави Луц Мешке, главниот финансиски директор на Porsche. “Нашите активности во секторот на електрични велосипеди го потврдуваат нашиот конзистентен пристап” – додаде тој.

Porsche веќе претстави два електрични велосипеди во март годинава, Porsche eBike Sport и eBike Cross. Компанијата сака да ја искористи експертизата во развојот на електрични автомобили и да ја примени во развој на електрични велосипеди. 

Porsche, најпрофитабилниот бренд во рамките на Volkswagen Group, планира да инвестира околу 15 милијарди евра во развој во следните 5 години, од кои повеќе од една третина се планира да се потрошат во развој на електрични автомобили. 

Мате Римац, заедно со останатите основачи на Greyp ќе задржат мали удели во компанијата. Завршувањето на процедурата се очекува да се случи до крајот на годинава.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental