Slider

Вести

Porsche Taycan е избран за најиновативен автомобил во 2020 година

Slider

Porsche Taycan го освоил признанието пред новата генерација на BMW 3 Series и Mercedes GLC, со што само додаде уште една потврда за своите квалитети на долгиот список награди кои ги има добиено досега

16/07/2020

Со вкупно 27 иновации, Porsche Taycan е избран за најиновативен модел во автомобилската индустрија од страна на Центарот за автомобилски менаџмент.

Оваа организација составена од експерти секоја година ги избира најиновативните новитети во авто-индустријата, а електричниот Taycan со своите технолошки решенија ја остави конкуренцијата зад себе во изборот за 2019/2020 година.

Електричниот систем со 800V, двостепената трансмисија на задната оска и врвната аеродинамика се дел од карактеристиките кои му овозможија на Taycan да доминира меѓу сите автомобилски новитети, кои достигнуваат бројка од 250 во последните две години.

Porsche Taycan го освоил признанието пред новата генерација на BMW 3 Series и Mercedes GLC, со што само додаде уште една потврда за своите квалитети на долгиот список награди кои ги има добиено досега.

Групацијата Volkswagen е прогласена за најиновативна, брендот Volkswagen го доби признанието меѓу мејнстрим брендовите (пред Ford и BYD), додека Audi е број еден меѓу премиум брендовите за моделите со алтернативен погон.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider