Slider

Вести

Porsche веќе испорача 1.000 примероци на Taycan во Норвешка

Slider

Porsche одбележи дека од почетокот на годината веќе се испорачани 1.000 примероци на Taycan само во Норвешка, што донесе и двојно зголемување на продажбата на брендот на овој европски пазар

10/11/2020

Норвешкиот пазар на нови автомобили станува посебна инспирација за одредени производители, кои следејќи го потенцијалот на електрифицираните изведби го зголемија својот пазарен удел во оваа скандинавска земја.

Вистински пример за позитивен ефект има Porsche, кој изминативе години годишно продаваше неколку стотина автомобили од својата понуда на докажани спортисти.

Но, појавувањето на електричниот Taycan на хоризонтот, донесе целосен пресврт и норвешките купувачи одговорија на потенцијалот на позитивен начин.

Porsche одбележи дека од почетокот на годината веќе се испорачани 1.000 примероци на Taycan само во Норвешка, што донесе и двојно зголемување на продажбата на брендот на овој европски пазар.

Норвешкото претставништво на германскиот бренд го претстави и купувачот на јубилејниот илјадити примерок, Томас Ред, кој објаснил зошто се одлучил за Taycan.

– Мојот фокус не е брзо возење на патека, јас сум туринг возач. За мене е најважно да имам секојдневно забавно возење, затоа и се сметам себеси за автомобилски фан.

– Ова е мое петто Porsche и ги очекувам истите возни карактеристики на кои сум навикнат од другите модели на брендот. Веќе слушнав дека Taycan вози одлично, па едвај чекам да го реализирам првото патување низ планинските предели, -изјавил Ред.

Понудата на Porsche во 2021 година ќе биде побогата и за Taycan Cross Turismo, кој дополнително ќе ја подобри позицијата на брендот во понудата на електрични автомобили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider