Slide
Slide

Стории

Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина

Slide
Slide

Новата технологијата користи поголема количина на силициум во анодата на литиум-јонската ќелија, наместо користењето на графит, што е стандард при денешното производство. - Производство на Porsche Taycan во фабриката во Цуфенхаузен

02/12/2021

Делот од процесот на производство на автомобили кој има најголем јаглероден отпечаток, е оној за производство на неговата батерија. Производството на батеријата зазема околу 40% од емисијата на штетни гасови како резултат на производството на модел како што е, на пример, Porsche Taycan.

За да ги намали овие емисии, Porsche му пристапува на процесот на производство на батерии од повеќе аспекти. Им наложува на добавувачите да користат обновливи извори на енергија, географски ги доближува производителите до локацијата на суровините, а воедно развива нови хемиски состави кои би требало да штедат енергија. 

За производител како Porsche неопходни се брзи резултати по ова прашање. Германскиот производител на премиум спортски автомобили си постави цел да биде јаглеродно-неутрален до 2030 година, рок кој е под притисок на силните регулациски норми во Европа и Кина. 

За да го оствари ова, производителот ја електрифицира својата гама, процес кој започна со лансирањето на Taycan. Следната година Porsche ќе лансира електрична изведба на бестселерот на брендот, копактниот кросовер – Macan. Понатаму, планирано е воведување на електрични изведби на моделите Boxster и Cayenne.

Безмалку половината од јаглеродниот отпечаток за време на животниот век на електричните автомобили настанува при процесот на производство. Најголем дел се однесува на ископувањето и преработката на суровините.

Јаглеродниот отпечаток се зголемува и преку транспортот на тие суровини, кои најчесто се наоѓаат на различни делови на светот, до фабриките за батерии, а потоа и до фабриките за составување на автомобилите.

Според Porsche, ланецот на добавувачи е одговорен за околу 20 проценти од вкупните емисии на штетни гасови на производителот. Овој процент е веројатно да се покачи на 40% до 2030 година, како резултат на зголемувањето на уделот на електричните автомобили во порфолиото на компанијата.

Како одговор, Porsche им наложува на производителите на батерии и останати компоненти да користат само енергија од обновливи извори. Според Porsche, на добавувачите кои нема да се приджуваат до барањето, нема да им бидат обновени договорите.

Најголем дел од штетните емисии во производството на батерии се резултат на обработката на суровините, меѓу кои спаѓаат елементите никел и кобалт. Процесите на нивно прочистување наложуваат голема потрошувачка на енергија, според Бенџамин Пасенберг, менаџер во Porsche задолжен за високо волтажните системи.

Многу е важно да користиме чиста енергија, особено при производството на батерии, каде е потребна голема енергија за затоплување. – додава Пасенберг.

Porsche се труди да биде пример за индустријата. Производителот објави дека ќе инвестира над една милијарда долари во текот на следната декада, вклучувајќи ги тука напорите за намалување на Co2 емисиите во своите фабрики. На пример, производството на електричниот Taycan во фабриката во Цуфенхаузен во Штутгарт е јаглеродно-неутрално уште од самиот старт.

Но, користењето на чиста енергија за производство на батерии нема да биде доволно за производителот да ги достигне таргетите во однос на емисиите. Заради тоа, менаџментот на брендот размислува за комплетна промена на развојот на батериите.

Во оваа фаза, Porsche развива батерии кои според нивните претставници, имаат повеќе моќ, ќе се полнат побрзо и ќе имаат помал јаглероден отпечаток.

Новата технологијата користи поголема количина на силициум во анодата на литиум-јонската ќелија, наместо користењето на графит, што е стандард при денешното производство.

“Теоретски, силициумските аноди имаат околу 10 пати поголема енергетска густина”, изјави Отмар Битше, директор на дивизијата за електромобилност на Porsche.

“Ние очекуваме околу 20 до 25 проценти повеќе ват-часови по литар споредено со конвенционалните литиум-јон батерии” – додава Битше.

Поефикасни батерии ќе значат помала количина на батериски модули кои ќе бидат потребни за придвижување на автомобилите, што ќе ја намали вкупната тежина на возилата, па следствено и нивниот јаглероден отпечаток.

Исто така, новиот правоаголен дизајн на батериските ќелии има помала штетност кон околината поради фактот што ја намалува потребната количина на алуминиум споредено со цилиндричниот дизајн на ќелиите. Производството на алуминиум предизвикува голема емисија на јаглеродни гасови.

Значајно е што новите батерии ќе имаат помалку кобалт споредено со типична литиум јонска батерија.

“Кобалтот е суровина до која тешко се стигнува – има само неколку рудници за кобалт во светот, и најчесто се наоѓаат во земји каде е доведено во прашање почитувањето на правата на работниците.” – додава Пасенберг.

Кобалтот сочинува 20% од катодниот материјал во батеријата на Taycan. Плановите на Porsche се неговото учество да се намали на 5 до 10 проценти.

За дополнително намалување на јаглеродниот отпечаток, Porsche ќе обезбедува кобалт, никел и останати батериски суровини од локации во Европа, кои се поблиску до фабриката каде што ќе се произведуваат батериите, во развојниот центар на производителот, во близина на Вајсах. Обезбедување на катодните материјали од Шварцхајд, Германија, наместо од Кина, ќе го намали јаглеродниот отпечаток за 25 проценти.

Porsche се надева на комерцијализација на новите батерии до крајот на 2024 или почетокот на 2025 година. Целта е планираната фабрика за производство на батерии да постигне минимален годишен капацитет од 100 мегават часови, што е доволно за производство на 1,000 возила.

“Првичната примена на овие батерии ќе биде во мотоспортот. Очекувано е да поминат уште две до три години за овие батери да се аплицираат и во продукциските модели. Значи, очекувајте ги овие батерии во втората половина на декадава” – завршува Блитше.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1