Skip to content

Новитети

Porsche задоволство за пребирливите: 718 Cayman и Boxster GTS 4.0 добија по 400 коњски сили

Тешко може да се најде замерки на конфигурацијата на 718 моделите со 2.5-литарскиот турбо бензинец, но постојат фанови кои сакаат повеќе цилиндри и поголема моќност, а тоа сега станува достапно со GTS потписот кој значи 4.0-литарски мотор со шест цилиндри и 400 коњски сили

16/01/2020

Секој модел на Porsche има свој автентичен рецепт со кој ги освојува купувачите, а целта на германскиот бренд останува да понуди максимално задоволство за возачот и да ја активира зависноста од уникатни спортски карактеристики која тешко се лекува.

Во сегментот на класични спортисти понудата започнува со 718 Cayman и Boxster, но во иднина тие ќе бидат надградени со GTS 4.0 изведби кои носат дополнителна доза адреналин поради концептот кој го претставуваат.

Тешко може да се најде замерки на конфигурацијата на 718 моделите со 2.5-литарскиот турбо бензинец, но постојат фанови кои сакаат повеќе цилиндри и поголема моќност, а тоа сега станува достапно со GTS потписот кој значи 4.0-литарски мотор со шест цилиндри и 400 коњски сили.

Овој боксер мотор го користат и GT4 изведбите, но во оваа подостапна комбинација ќе соработува со 6-степена мануелна трансмисија, од о до 100 км/ч ќе стигне за 4,5 секунди, а максималната брзина на 718 Cayman/Boxster GTS 4.0 ќе биде 293 км/ч.

GTS 4.0 изведбите во сериската опрема го добиваат системот за активна суспензија кој се надоврзува на 20 милиметри пониската шасија, па се грижи и за комбинирање на комфорот со динамичните карактеристики на двата автомобила. Во рецептот се вклучени и механички управуван диференцијал со ограничено пролизгување, како и двоен спортски издув.

Во ентериерот е употребена Аlcantara и други квалитетни материјали, како и елементи со кои се истакнува спортскиот карактер препознатлив за Porsche, a возачот на располагање ќе има 7-инчен екран, како и специјална апликација која ќе ги прикажува, но и собира информациите за возењето кои подоцна можат да се анализираат.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend