Slider

Вести

Посебни „AutoBest“ признанија за Citroën, Škoda, Тоyota и Jaguar Land Rover

Slider

16/11/2020

Откако новинарското жири ги одреди финалистите и го направи финалниот тест на истите во Австрија, организацијата „AutoBest“ ги соопшти имињата на носителите на останатите награди за 2021 година.

Додека очекуваме да биде прогласен „Best Buy“ автомобилот за Европа во 2021 година, а во конкуренција се Citroën C4, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Škoda Octavia и Toyota Yaris, стана јасно кои личности и компании ќе добијат признание на свеченоста која ќе се одржи во текот на следната година.

Citroën ја доби наградата „A star is born“ поради концептот за урбана мобилност со иновативниот Ami.

– „A Star is Born“ признанието е доделено на Citroën Ami. Нашиот единствен критериум препознава револуционерни солуции на мобилност. Овој двосед е дизјниран со урбана замисла на користење. Достапен е на купувачите поради прифатливата цена и можноста на изнајмување вклучувајќи не традиционални начини на продажба.

– Иновативната употреба на телефонот кој заменува многу функции е привлечна идеја за младите, особено оние заинтересирани за напредна технологија и екологија. Citroën Ami може да биде солуција за иднивидуален транспорт во урбаните средини, заедно со решенијата за брзо полнење и не треба многу простор за паркинг, велат членовите на жирито на „AutoBest“ во заедничкото соопштение.

Растот на Škoda како производител му ја донесе наградата „CompanyBest“ на чешкиот бренд, „SmartBest“ признанието заврши кај Jaguar Land Rover поради напредната инфо-забавна платформа претставена во модерниот систем Pivi Pro, додека Toyota е „SafetyBest“ компанија за 2021 година поради целокупната понуда на безбедносни системи и пред се вклучувањето на централното воздушно перниче кај новиот Yaris.

Посебно признание добивa и Френк Стивенсон (DesignBest), со што легендарниот дизајнер влегува во „Куќата на славни дизајнери“ на „AutoBest“, како и Тото Волф, тимскиот шеф на Формула 1 тимот Mercedes, на кого му припадна наградата „SportBest“.

Новинарското жири на „AutoBest“ го сочинуваат 31 новинар од 31 различна европска земја.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider