Вести
Последни подготовки пред премиерата: Екстремен тест за Cupra Born (Видео)
Шпанскиот бренд Cupra ги финишира подготовките за електричниот модел Born, а последните екстремни тестирања биле направени во поларни услови.
На температури кои се движат околу 30 степени и на снежна подлога, Cupra Born била тестирана во сурови услови изминатите две години, а според производителот, електричниот автомобил минал повеќе од 1.000 тестови и над 30.000 километри.
Замислен како нов динамичен автомобил во понудата на перформанс брендот, Born за инженерите бил предизвик во однос на возните карактеристики кои треба да бидат адаптирани на очекувањата од овој модел.
Паралелно со возењето на Арктикот, Cupra Born бил тестиран и низ класични делници, но и во тест центарот во Марторел, по што одговорните ветуваат дека електричниот новитет ќе биде позитивно изненадување во понудата.
Премиерата на Cupra Born е закажана за следниот месец, кога ќе бидат познати и сите детали и технички карактеристики.
Повеќе содржини за електрични автомобили: