Slider

Новитети

Поспортски пакет за Audi TT во S line competition plus изведбата

Slider

TT S Line Competition Plus ќе може да се избере само во изведбата 45 TFSI, која подразбира мотор со 245 коњски сили и седум-степена S-Tronic трансмисија

06/10/2020

Audi реши да вклучи ново S line competition plus ниво на опременост во понудата на популарниот TT,  а тоа ќе биде достапно и кај купе и кај роудстер изведбата.

TT S line competition plus ќе може да се избере само во изведбата 45 TFSI, која подразбира мотор со 245 коњски сили и седум-степена S-Tronic трансмисија.

Црната боја на маската и голем број други елементи на екстериерот се дел од препознатливите дизајнерски зачини на оваа специјална изведба, која исто така ќе располага и со поголеми тркала (19-инчни како стандард и 20-инчни како опција) и фиксно крило на задниот дел.

Во кокпитот се добива комбинација на црна кожа и Алкантара, S лого на потпирачите за глава, опшивање со избор на една од трите достапни бои, како и спортски волан, а поспортски дизајн добива и графиката на 12,3-инчната дигитална инструмент табла.

Покрај специфичната Турбо сина боја, TT S line competition plus ќе биде достапно и во црвена, бела и сива боја. Првите примероци ќе бидат доставени во декември, а цената за купе изведбата на Audi TT S line competition plus во Германија ќе изнесува 47.316 евра, додека роудстерот стартува од 49.656 евра.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider