Slider

Вести

Потврден првиот електричен модел на Dacia, европски близнак на K-ZE

Slider

Откако сега и компанијата дефинитивно потврди дека кон крајот на 2020 година ќе биде претставен првиот Dacia модел на електричен погон, речиси јасно е дека тој ќе се произведува во Кина, заедно со електричниот K-ZE

14/02/2020

Објавувајќи ги своите финансиски резултати постигнати минатата година, Renault Groupe најави и дел од моделското освежување за наредните години, вклучувајќи ја и првата електрична Dacia.

Дел од француските медиуми уште на крајот на минатата година најавуваа дека Французите подготвуваат ваков потег, односно урбан градски автомобил кој веројатно ќе биде мал кросовер и ќе користи електричен погон, нагласувајќи дека тој автомобил би бил технички близнак на Renault K-ZE.

Откако сега и компанијата дефинитивно потврди дека кон крајот на 2020 година ќе биде претставен првиот Dacia модел на електричен погон, речиси јасно е дека тој ќе се произведува во Кина, заедно со електричниот K-ZE кој е наменет за локалниот кинески пазар, a ќе се продава и во Индија.

Кинеската верзија на Renault K-ZE располага со 44 коњски сили и автономија од 250 километри (NEDC), а француските медиуми велат дека нејзината Dacia изведба веројатно ќе биде и електричен модел со најдостапна цена од околу 15.000 евра.

Во моментите кога фабриката во Романија ќе може да произведува електрични автомобили, производството од Кина ќе може да се префрли на европска територија, a субвенциите во одредени земји дополнително ќе ја намалат цената на првата електрична Dacia.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider