Вести
Поумерената Еуро 7 норма може да ги врати во производство дел од дисконтинуираните модели во малите сегменти
Skoda, веќе објави дека нема да лансира караван изведба на моделот Fabia бидејќи не може да ги исполни бараните норми.
Со последното ублажување на строгите норми опфатени во рамки на Еуро 7 регулативата, можно е Советот на Европа да им даде дополнителна можност за враќање на популарноста на малите градски возила.
Имено, Советот на Европа поддржува варијанта на Евро 7 нормата со која нивото на емисија на штетни издувни гасови ќе остане иста за патничките возила, ќе биде построга за тешките товарни возила, а за првпат ќе вклучува горни лимити на штетните честички од сопирачките и пневматиците.
Клучните честички кои се регулирани со Еуро 6е нормата се малите честички, јаглероден моноксид и азотни оксиди.
Точка на сопнување за автомобилските производители е трошокот за хомологација на моторите. Според ACEA – здружението на автомобилски производители од Европа, хомологацијата ќе ги чини производителите 1,000 евра по возило.
Истиот трошок, пренесен на купувачите ќе биде удвоен, велат од ACEA. Според регулаторите, оваа сума нема да биде поголема од 200 евра по возило.
Според Volkswagen, строгата Еуро 7 норма ќе придонесе за згаснуавње на малиот хеџбек Polo, чија цена започнува од околу 20,000 евра. Според Томас Шефер, новата регулатива ќе ја зголеми цената на овој модел за 3,000 до 5,000 евра.
Уште еден производител во рамки на истата групација, Skoda, веќе објави дека нема да лансира караван изведба на моделот Fabia бидејќи не може да ги исполни бараните норми.
Сега, променетиот став на дел од политичарите во Советот на Европа, дава можност овие модели сепак, да продолжат да се продаваат во земјите низ Европа.