Slider

Вести

Повеќе динамика, поголем комфор: DSG трансмисија за најмоќната изведба на Seat Arona

Slider

Префрлувањето на DSG трансмисија не влијае на перформансите, Seat Arona ќе забрзува до 100 км/ч за 8,2 секунди, а шпанскиот бренд најавува и идентична потрошувачка, како и порелаксирано возење поради оваа промена

21/09/2020

Seat Arona во иднина ќе биде достапна со ревидираниот 1.5-литарски бензински мотор со 150 коњски сили, кој овој пат ќе соработува со 7-степена трансмисија со двојна спојка.

Најмоќната изведба претходно беше дел од понудата со шест-степена мануелна трансмисија, но во иднина погонската единица со 150 коњски сили и вртежен момент од 250 Nm, ќе подразбира и исполнување на 6D нормата (претходната верзија ја исполнуваше 6D Temp нормата).

Префрлувањето на DSG трансмисија не влијае на перформансите, Seat Arona ќе забрзува до 100 км/ч за 8,2 секунди, а шпанскиот бренд најавува и идентична потрошувачка, како и порелаксирано возење поради оваа промена.

Seat Arona 1.5 TSI со 150 коњски сили доаѓа со FR и Xcellence нивоата на опременост, со што се заокружува изборот на навистина атрактивен кросовер со долг список елементи од достапната опрема.

Најмалиот член на SUV портфолиото на Seat e трет најпродаван модел на шпанскиот бренд во првите осум месеци на 2020 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider