Skip to content

Вести

Познати брендовите кои нема да се појават на 90. издание на Саемот во Женева

Иако во помал број, ќе недостасуваат неколку производители кои со својата одлука ќе ги разочараат фановите на швајцарска територија, а според досегашните потврди тоа се Peugeot, Citroen, Opel, Ford, Volvo и Lamborghini

15/01/2020

Автомобилските производители последниве години често се решаваат да пропуштат некој од најголемите саемски манифестации на кои во минатото учествуваа без исклучок, а таквите одлуки ги објаснуваат со желбата да ги претстават своите новитети на самостоен настан со кој ќе добијат поголем публицитет или недостиг на премиери кои би биле вредни за инвестицијата во саемски штанд.

Откако во Франкфурт недостасуваа голем број брендови што имаше негативно влијание на имиџот на овој настан кој веројатно и последен пат беше организиран на ваков начин и на оваа локација, дел од производителите решија да го скокнат и претстојниот Саем во Женева.

Иако во помал број, ќе недостасуваат неколку производители кои со својата одлука ќе ги разочараат фановите на швајцарска територија, а според досегашните потврди тоа се Peugeot, Citroën, Opel, Ford, Volvo и Lamborghini.

Ford учествуваше во Франкфурт, но нема да биде дел од Саемот во Женева кој за посетителите ќе биде отворен меѓу 5 и 15 март.

– Секоја година одлучуваме на кој саем ќе бидеме присутни, а овојпат нема да бидеме во Женева бидејќи тајмингот не оди во прилог на нашите нови продукти. Ford истовремено посветува сериозно внимание на настаните организирани во своја режија, досега направивме неколку Go-Further ивенти и ќе продолжиме да го користиме овој формат и во иднина, – велат од Ford Europe.

Слични се објаснувањата и од претставниците на брендовите во сопственост на француската групација PSA, но интересна е одлуката во Женева да биде претставен премиум брендот DS кој ќе има свој штанд на 90. издание на настанот во „Палекспо“.

Lamborghini во 2019 година стигна до рекордна продажба од 8.205 автомобили, но раководството одлучило дека е подобро на индивидуален настан да ги информира клиентите и медиумите за своите новитети и планови, отколку да го дели публицитетот со други учесници на Саемот во Женева.

Она што сепак ќе ги радува посетителите е дека останатите производители ќе ги покажат своите светски премиери и атрактивни концепти, за разлика од Франкфурт, меѓу учесниците ќе бидат и Ferrari и Aston Martin, а овој настан нема да го пропуштат ниту брендови како Toyota, Kia, Hyundai, Nissan и брендовите на FCA.

Mеѓу досега најавените најинтересни новитети се целосно новиот електричен Fiat 500, новите генерации на Seat Leon и Audi A3 Sportback, Porsche 911 Turbo, фејслифт на Jaguar F-Pace и XF, плаг-ин хибрид изведба на Range Rover Evoque, Toyota Yaris, фејслифт на Mercedes E-Class…

Француските брендови како Peugeot и Citroën сигурно ќе ги чуваат најважните премиери за Саемот во Париз наесен, а таму пак веројатно нема да биде присутен брендот Volkswagen кој го направи истиот чекор и пред две години.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend