Skip to content

Вести

Познати петте финалисти за „AutoBest 2020“, Лохшелер ќе го добие „ManBest“ признанието

08/10/2019

Специјализираната жири-комисија на „AutoBest“ ги одреди финалистите кои ќе се борат за престижното признание „АutoBest 2020“, а чиј победник ќе биде познат кон крајот на годината.

Вкупно 31 новинар од Европа учествуваат во тестирањето и оценувањето на автомобилите, а овој пат ќе треба да се одлучат меѓу Opel Corsa, Peugeot 208, Nissan Juke, Skoda Kamiq и Renault Clio.

Четири нови генерации и Kamiq како целосно нов модел влегуваат во трката по одличјето за „BestBuy“ европски автомобил, финалното тестирање ќе биде направено на Ф1 патеката во Истанбул, Турција, а свечената церемонија ќе се одржи во Мајнц во февруари следната година.

За еден автомобил да ја добие титулата мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни, а при одлучувањето за победникот „AutoBest“, жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

„AutoBest“ организацијата ја задржува традицијата и за доделување други признанија за инволвираните во авто-индустријата, па првиот човек на Opel, Михаел Лохшелер ќе ја добие наградата ManBest за 2020 година.

Признанието CompanyBest го добива групацијата Geely, Jaguar Land Rover ја заслужи SafetyBest наградата со неколку иновативни безбедносни системи, додека на легендарниот Ники Лауда постхумно ќе му биде доделено SportBest признанието.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend