Slide

Новитети

Преку C4 X, 24цм подолга изведба на база на C4, Citroën ќе таргетира купувачи во атрактивниот кросовер сегмент

Slide

Споредено со C4, кросоверот ë-C4 X ќе биде 24 сантиметри подолг, додека висината (1.53м) и ширината (1.80м) остануваат непроменети.

30/06/2022

На почетокот на следната година Citroën ќе лансира кросовер изведба на добропознатиот компакт C4, именувана како C4 X.

Имено, компактот C4 кој беше лансиран на крајот од 2020 е достапен во изведби со мотори со внатрешно согорување, но и електрична изведба. За разлика од сестринските брендови во групацијата, Citroën го постави C4 на помалата CMP платформа, што овозможи производство и на електрична изведба при лансирањето.

За разлика од C4, сестринските модели Peugeot 308 и Opel Astra се достапни само како плаг-ин хибриди, нивните електрични изведби ќе бидат достапни дури во 2023/2024 година.

Споредено со C4, кросоверот C4 X ќе биде 24 сантиметри подолг, додека висината (1.53м) и ширината (1.80м) остануваат непроменети.

Практично, сѐ до средните кровни носачи компактот и кросоверот се идентични. Но, задниот дел е оној кој ја прави разликата, која особено се забележува во однос на багажниот простор. Имено, C4 X има 510 литри товарен волумен во багажникот, за разлика од C4 кој има 380 литри на располагање. 

Дури и ако багажниот простор се спореди со оној на поголемиот C5 X (545 литри во бензинските изведби/485 кај плаг-ин хибридните изведби), новиот кросовер не котира воопшто лошо.

Citroën планира да нуди бензински и дизел мотори за кросоверот со 100 и 130 hp. Но, тие нема да бидат достапни за сите пазари. Имено, во 14 земји од Европа ќе биде достапнa само како електрична изведба (ë-C4 X).

Во однос на технологијата, тука работите се веќе познати. Добро познатиот електричен погон кој се вградува и во C4 има сила од 100 kW (136 hp) и вртежен момент од 260 Nw. Во спортскиот режим на возење, компактот забрзува од 0-100 km/h за 9.7 секунди. Максималната брзина е лимитирана на 150 km/h.

Литиум-јонската батерија има капацитет од 50 kWh. Благодарение на подобрата аеродинамика C4 X ќе има нешто подолга автономија (360 км), споредено со C4 (354).

При користење на полнач со еднонасочна струја, батеријата ќе може да се наполни до 80 проценти за половина час.

И ентериерот е препознатлив од компактот. Со новиот инфотејнмент систем, кој е преземен од C5 X, ќе може да се управува преку 10-инчниот дисплеј.

Комерцијализацијата на C4 X е планирана за почетокот на 2023 година. Во моментов нема податоци за цените.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година